Зголемен прометот во трговијата на мало во март

43

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2019 година, во споредба со март 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,5%, а реално за 3,4%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 7,5%, а реално за 8,1%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 7%, а реално за 5,8%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 3,1%, а реално за 3%).

Фото: Pexels