Зголемена фреквенција за излез од државата, се чека повеќе од половина час

26

Колони возила, пред граничниот премин ,,Богородица”, утринава чекаат ред да влезат во соседна Грција.

Од АМСМ велат дека на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.