Зголемена кредитната побарувачка на германските компании, банките воздржани

88

Компаниите во Германија бараат повеќе заеми за време на пандемијата на коронавирус и тврдат дека наоѓаат сè поизразена неподготвеност од страна на банките да ги исполнат, покажуваат резултатите од истражувањето за вториот квартал, спроведено од Германскиот економски институт IFO.

Институтот за економски истражувања со седиште во германскиот град Минхен ги објави резултатите од анкетата за кредитна побарувачка за вториот квартал на оваа година во Германија, пренесува Ekapija.

Според оваа анкета, 34,4 % од германските компании имале преговори за кредити во вториот квартал во годината, додека во првиот квартал изнесувал 29,3%.

Класу Волхрабе, директор на Центарот за анкети при Институтот за економски истражувања  рече дека 19,4 % од компаниите кои имале преговори со банките за подигање кредит, соопштиле дека банките кон нив се однесувале исклучително претпазливо во оваа насока.

Оваа стапка во секторот за храна и пијалоци изнесува 68,7 %, во секторот за хотелиерство изнесува 60,7 %, во секторот за патување 50,7 %, во секторот за малопродажба 37,6 %, во секторот за индустрија 34,6%, додека во секторот за градежништво 23,8 %.

Фото: Freepik