
Во текот на изминатата година, наплатени се приходи во висина од над две милијарди евра, а тоа се 105 милиони евра повеќе отколку во истиот период претходно. Растат приходите од царина за 15,2 проценти, од акцизата растат за 7,1 процент итн., изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.
-Знаеме што значат овие бројки – тоа значи повеќе за пензии, за плати, за болници, училишта, патишта и за иднината на нашите деца. Тие пари до вчера завршуваа во сивата економија, каже Мицкоски.
Ова е доказ, според него, дека „Македонија се буди, дека системот конечно проработува. Ова е потврда дека ги градиме темелите на промените“.











