Побарувачката на инвеститорите за злато како безбедно засолниште се зголеми денеска, поттикнувајќи го нагорниот тренд на цената на благородниот метал, откако доларот падна во однос на пар главни валути.
Цената на златото во фјучерсите во Лондон порасна за 0,88 отсто на 1.777 долари за унца.
Падот на доларот го поевтини златото за купувачите кои поседуваат други валути, што ги мотивираше да го зголемат купувањето, пренесе Ројтерс.
Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на шесте главни ривали, потона за 0,4 отсто на 108,17 поени, се наведува во најновиот извештај на британската агенција.
Во исто време, еврото напредуваше во однос на доларот за 0,4 отсто на 1.001 долар, откако падна под паритет оваа недела, кога го допре 20-годишниот минимум од 0,99005 долари.