Зголемени цените на индустриски производи на домашниот пазар во септември

35

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1,9% на месечно ниво, а пониски за 1,3% на годишно ниво.

Во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 4,6%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 1,8%, во групата Капитални производи за 1,6% и во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.

Споредено со септември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Капитални производи за 3,2%, во групата Енергија за 2,4%, во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 2,2% и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2%.