Зголемени девизните резерви во октомври

20

evra-naredeni

Вкупните девизни резерви заклучно со крајот на октомври изнесуваа 2.729.000.000 евра, што е за 30 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Салдото на вкупните девизни резерви на октомври лани беше 2.188.000.000 евра.

Најголем дел од државните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на октомври достигнаа 2.154.100.000 евра. Еден месец претходно на оваа сметка имаше 10,8 милиони евра повеќе, додека истиот период лани имаа вредност од 1.689.900.000 евра.

На крајот на октомври, земјата располагаше со валути и депозити на ниво од 312.100.000 евра, додека претходниот месец изнесуваа 270.400.000 евра или за 41,7 милиони евра повеќе.

Монетарното злато заклучно со 31-ви октомври достигна 258.000.000 евра, а на крајот на септември имаше вредност од 259.000.000 евра. Истиот период лани, вредноста на државното монетарно злато изнесуваше 228.000.000 евра.