Зголемени интернет брзини, нов ексклузивен Смарт Промо пакет и бесплатни минути кон Вип со Близу

19

logo

Телекомуникацискиот оператор Близу во својата голема пролетна промоција воведува неколку новости во своето портфолио. Отсега, интернет пакетите и пакетите со три услуги вклучуваат download брзини почнувајќи од 15 Mbps, па се до 150 Mbps и upload до 5 Mbps.

Покрај промените во постоечкото портфолио, Близу воведе нов промотивен пакет за сите оние кои сакаат да уживаат во неограничена, супер – брза комуникација – пакетот Смарт Промо, кој вклучува нови бројни бенефити за корисниците.

Пакетот вклучува 8 HD канали и шест месеци бесплатно следење на сите дигитални канали, бесплатен КА Модул, неограничен интернет со брзина од 30 Mbps со зголемен upload од 2 Mbps, 250 бесплатни минути кон сите фиксни оператори и 100 бесплатни минути кон Вип оператор вклучени во месечната претплата.

Пакетот, исто така, вклучува и бесплатен модем со вграден Wi fi рутер, бесплатна опрема и  грижа за корисниците 365 дена во годината. Сето ова корисниците ќе можат да го добијат за неверојатни 599 денари месечно во првите четири месеци, со вклучен ДДВ. Потоа, редовната цена на пакетот е 1.199 денари месечно.