Зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

38

Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје од 2022 година изнесуваат 5 986 245 000 денари и во однос на истиот период лани се зголемени за 20,2 отсто.

Според Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 5,8 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 47,1 отсто.

Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен кај житата.