Зголемени продажните цени на индустриски производи во април

50

Продажните цени на производителите на индустриски производи, на домашен пазар, во април оваа година, се повисоки за 1,1% на месечно и 0,7% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во април 2020, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 2,5%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 0,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,1%.

Во април 2020, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 2,8% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3%.

Фото: Freepik