Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во април оваа година се повисоки за 0,3% на месечно ниво и за 1,2% на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во април 2019, во споредба со март 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 1,4%, Капитални производи за 0,5% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.
Во април 2019, во споредба со април 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка 2,1%, Капитални производи 1,6%, Енергија 1,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,5%.
Фото: Pixabay