Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари

Според податоците на Државниот завод за статистика продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во мај 2026 година се зголемени за 1.3 % во однос на претходниот месец

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во мај 2026 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 3.4 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 1.2 %.

Во мај 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 24.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 5.7 %.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во мај 2026 година се зголемени за:

  •  1.3 % во однос на претходниот месец
  •  6.6 % во однос на истиот месец од претходната година