Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

27

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.6 % на месечно и за 9.9 % на годишно ниво.

Во јули 2021, во споредба со јуни 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во групите Енергија за 9.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.7 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.4 % и Капитални производи за 0.3 %

Во јули 2021, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 24.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.7 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 15.0 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 % и Капитални производи за 1.0 %.