Зголемени вкупните девизни резерви на крајот на ноември

13

evra

Вкупните девизни резерви заклучно со 31-ви ноември оваа година имаат вредност од 2.203.400.000 евра, покажуваат податоците на Народна банка на Македонија.

Еден месец претходно, вкупните девизни резерви со коишто располага државата беа 2.188.000.000 евра, додека во ноември минатата година беа на ниво од 2.435.000.000 евра.

Намалување од 9,6 милиони евра има кај вкупното монетарно злато, што на крајот на ноември вредеше 218.400.000 евра, додека еден месец претходно имаше вредност од 228.000.000 евра. На крајот на ноември минатата година, вкупните резерви во злато беа на ниво од 207.500.000 евра.

Кај ставката валути и депозити, НБРМ на крајот на ноември располагаше со 342.000.000 евра, еден месец претходно 265.300.000 евра, додека истиот период лани достигна вредност од 238.300.000 евра.

Најголем дел од вкупните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на ноември беа 1.638.100.000 евра, што е 51,8 милиони евра помалку во однос на месец октомври. На крајот на ноември минатата година, на сметката на хартии од вредност имаше 1.967.200.000 евра.