Индустриското производство во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 3,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст од 7,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,6%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13,3%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1,1%, Капитални производи за 10,4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7,8%.
Индустриското производство во првите два месеца од оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 1,9%.
Фото: Pixabay