Зголемено количество олово во пченицата увезена од Србија

83

2265malaАнализите потврдија дека е пронајдено зголемено присуство на олово во три од пет пратки пченица увезена од Србија.

“Станува збор за минимални отстапувања од дефинираните максимални вредности пропишани со Правилникот за општите барања за безбедност на храната, поради кои неодамна од страна на Агенцијата беше донесено решение за забрана за нивно ставање во промет”, се вели во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Спорните количини, кај кои беше најдено зголемено присуство на олово, не се пуштени во промет, односно се наоѓаат под надзор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Ваквите количини можат да бидат пренаменети за исхрана на добитокот, да се вратат во земјата од каде се увезени или да се уништат.