Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2015 година, во однос на четвртото тримесечје од 2014 година, е зголемено за 44,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, просторното дрво од листопадни видови и кај огревното дрво од листопадни и иглолисни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај рудничкото дрво од листопадни и иглолисни видови, друго обло дрво од листопадни и иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки и колци.