Зголемување на субвенциите за органско производство

26

Субвенциите за органско производство оваа година ќе бидат 50% повисоки од оние за конвенционалното, а не како досега само 30%, додека за градинарските култури зголемувањето ќе биде 100%, рече денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, пишува Миа.

“Производството на органска храна е еден од приоритетите на Владата. Затоа силно го поддржуваме, креираме мерки за да ги охрабриме земјоделците да преминат на ваков тип продукција, да се искористат природните ресурси со кои располага државата“, рече Костадиновски.

Тој рече дека веќе се почнати подготвителни и активности за отворање продавници за органска храна и реализирање национална кампања за поголема потрошувачка на органското производство. Специјализираните продавници ќе се отвораат во поголемите потрошувачки центри во земјава, а државата ќе финансира дел од трошоците за нивно опремување.