Женева, Лондон и Копенхаген имаат највисоки трошоци за градење во светот

14

Женева, Лондон и Копенхаген, освен што се европски престолни, овие три градови се на врвот на листата по трошоци за градење  според компанијата Arcadis.

Меѓу 10-те градови со највисоки трошоци за градење се и: Осло, Цирих, Њујорк, Сан Франциско, Хонгконг, Даблин и Макао.

Од вкупно 100 градови опфатени со листата, го нема Скопје, а од градовите од регионот се најдоа: Загреб, Букурешт, Софија, Белград и Истанбул.

На дното на листата се најдоа градовите: Хо Ши Мин Сити, Куала Лумпур, Мумбај, Њу Делхи и Бенгалур.

Споредбата на трошоците е извршена преку 20 градежни функции врз основа на трошоците за градење, преглед на состојбата на пазарот на недвижнини, а опфаќа градови од шест континенти.

Фото: Pixabay