Жени претприемачи од Македонија, Косово и Албанија дискутираа на тема “Пристап до финансии”

5

13528675_1143652052358855_6765026946913342865_n

Во организација на ЦЕЕД Македонија и Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) и во соработка со Здружение на бизнис жени во Македонија, а со финансиска поддршка од ЕБРД и Проектот за регионален економски раст на УСАИД, на 22 јуни 2016 година во Јавна Соба во Скопје се одржа регионален настан на тема Пристап до финансии, којшто беше наменет исклучиво за жени претприемачи.

На настанот учествуваа преку 80 жени претприемачи од Македонија, Косово и Албанија, како и претставници на релевантни организации, банки и штедилници кои имаат фондови достапни на жените претприемачи (во Македонија, Косово и Албанија), а за време на паузата за ручек се одржа вмрежување.

На средбата се зборуваше за постоечките фондови, кредитни линии, програми и механизми кои им се на располагање на жените претприемачи од регионот, а пред присутните се обратија претставници од ЦЕЕД Македонија, Здружение на бизнис жени во Македонија, ЕБРД, Охридска банка ад Скопје, Прокредит банка ад Скопје, South Central Ventures, Crimson Capital, Enterprise Expansion Fund (ENEF) на EBRD за МСП-и во Западен Балкан, Виктор Мешков од SPMG, Виктор Красниќи од USAID Empower Credit Support од Косово, Елеонора Згоњанин Петровиќ од Штедилница ФУЛМ, Весна Кузмановска од Штедилница Можности, Данче Чакаровска Гроздановска, Адвокатска канцеларија Чакаровска…