Жени во Јапонија не смеат да носат очила на работа

51

Жени од Јапонија, вработени на различни места, добиваат забрана да носат очила, пишува Business Insider.

Со ваква забрана се соочиле жени кои работат во трговски центри, салони или клиники за разубавување. Како наводна причина за оваа наметната забрана е тоа што жените со очила изгледале премногу “студено“ и недостапно, а во исто време им ја сокривала шминката и не биле “компатибилни“ со традиционалната облека.

Многу често се случува компании во Јапонија да им налагаат строги правила на вработените, особено на жените. Некои од забраните се: темна или светкава шминка, вештачки трепки, потемна боја на коса…

Фото: Pixabay