Жените ќе се изедначат со мажите во 2154 година: Напредокот кон еднаквост се забавува

27

Новиот извештај на Светскиот економски форум (СЕФ) проценува дека жените нема да ги достигнат мажите уште 131 година. Со други зборови, дури во 2154 г.

Според „Глобалниот родовиот јаз извештај 2023“, вкупниот родовиот јаз, мерејќи ја еднаквоста во областа на економијата, политиката, здравството и образованието, е намален за само 0,3 отсто во споредба со минатата година.

– Слабиот напредок во приближувањето кон мажите и падот во областите како што е економијата бараат итна акција – напиша Садија Захиди, генерален директор на WEF во извештајот, според Си-Ен-Ен.

Последните неколку години беа одбележани со големи назадувања во однос на родовиот паритет на глобално ниво, каде што претходниот напредок беше нарушен од влијанието на пандемијата врз жените, но и врз девојчињата кои се во процес на образование, а беше придружена со економска и геополитичка криза – напиша Захиди.

– Денес, некои делови од светот доживуваат делумно закрепнување, додека други доживуваат влошување како што се развиваат нови кризи – објаснува таа.

Индексот на родовиот јаз ја мери родовата еднаквост во 146 земји и во четири области: економско учество и можности, образовни достигнувања, здравствено и политичко зајакнување. Вкупниот паритет е подобрен за 4,1 отсто откако СЕФ го лансираше индексот во 2006 година.

Додека извештајот покажува напредок во областите на образовните достигнувања и растот во категориите за здравствено и политичко зајакнување, јазот во економското учество покажа одредено уназадување.

– Закрепнувањето од шокот и кризата што следеа по пандемијата беше бавно и досега нецелосно, а сегашниот контекст, заедно со технолошките и климатските промени, ризикува да предизвика дополнително назадување во економското зајакнување на жените. Не само што милиони жени и девојчиња губат економски пристап и можности, туку овие промени имаат и широки последици за глобалната економија, се вели во извештајот.

Фото: Freepik