Жените во економски права ќе се изедначат со мажите за 257 години

59

Жените ќе бидат еднакви на мажите во економски права за два и пол века, покажува извештaјот на Светски економски форум (World economic forum – WEF). Учеството на жените на пазарот на труд е во стагнација, а финансиската нееднаквост се продлабочува. Економскиот родов јаз ќе трае 257 години, утврди WEF во најновиот годишен извештај, мерејќи го родовиот јаз во економијата, образованието, здравство и политичка моќ.

Технолошката промена има непропорционален ефект, при што жените се повеќе застапени во улогите кои се најтешко погодени од автоматизацијата, како што е малопродажбата. Уште повеќе, недоволно жени влегуваат во професии каде растот е најбрз.

Напорите за постигнување еднаквост се засилени во однос на минатата година, благодарение на поголемата политичка застапеност на жените, истакнуваат од WEF.

Јазот е најмногу намален во образованието и жените за еднаквост ќе треба да чекаат уште 12 години. Од испитаните 153 земји, целосна еднаквост на жените и мажите во образованието е постигната во 40 земји.

Фото: Pexels