Женска трибина Хранете се здраво за детство среќно и убаво

19

tribina

Здравата исхрана, активниот начин на живеење, Сонцето и пробиотиците, се суштински предуслови за здраво и среќно детство, констатираа говорниците на женската трибина Хранете се здраво за детство среќно и убаво, организирана од хрватската фармацевтска компанија ПхармаС.

Според примариус д-р Лидија Петрушевска – Колеќевска, специјалист по педијатрија од јавната здравствена установа за белодробни заболувања кај децата Козле, дефицитот на витамин Д е широко распространет и е во пораст, а тоа предизвикува значајно зголемување на респираторните заболувања – астма, атопија и нутритивна алергија уште во раната детска возраст.

„Причините за ова, пред сé, лежат во современиот начин на живот кој вклучува намалена изложеност на Сонце поради подолг престој во затворени простории, помал внес на витамин Д преку исхраната поради консумирање брза и преработена храна, како и недоволен внес на овој витамин во текот на бременоста. Со оглед на потврдената улога на Витамин Д во развој на белите дробови, која започнува уште in utero, како и неговите позитивни ефекти врз развојот на имунолошкиот систем, неговото внесување во доволни количини, како и секојдневната и редовна изложеност на Сонце, може да ја намалат преваленцата на респираторни инфекции и астма и да го засили нашиот имунитет“, меѓудругото, потенцираше Петрушевска – Колеќевска.

На трибината говореше и Цвета Динева, сертифициран нутриционист консултант, според која денешниот начин на живеење предизвикува низа здравствени проблеми.

„Денешниот начин на живеење (посебно во градовите) наметна нездрав начин на исхрана, пореметен биоритам, дишеме загаден воздух, малку Сонце нè грее.. и последиците се тука. Се зголеми бројот на болни, а истовремено се намали старосната граница на заболени од дијабет, алергии, инфаркти, мозочни удари, канцери, автоимуни заболувања…итн. Време е да се освестиме и да сфатиме дека треба нешто да менуваме и полека, но сигурно да стасаме до сопственото здравје и до здравјето на нашите деца. Она што веднаш може да го промениме е исхраната, да создадеме таканаречена, хигиена на исхрана. Треба да го избалансираме и биоритамот, а тоа подразбира легнување во вечерни часови, станување во утрински часови, пешачење, прошетки на чист воздух и на Сонце. Збогум на брзата храна (бедна на растителни влакна, што всушност е и најголемиот проблем за секој организам), добредојде на природната храна која изобилува со драгоцени јагленихидрати со растителни влакна, животни ензими, минерали, витамини, здрави маснотии, здрави протеини, храна која дава добра базно киселинска рамнотежа“, вели Динева.

На трибината таа потенцираше дека добредојдени се и одредени додатоци кон исхраната кои дополнително ќе го олеснат враќањето кон сопственото здравје.

„Препорачувам – вратете се на природата и она што таа го дава. Нека храната биде лек во 21 век. Долго време на моите членови во диет клубот им препорачувам тројна терапија од пробиотик, цинк и витамин Ц. Оваа шема се покажа многу ефикасна во борба со кандида албиканс, ешерихија коли, хелико бактерија, ХПВ… алергии, улцерозни колити, дијабет, опстипации, автоимуни заболувања, итн“, рече Динева.

„ПхармаС како хрватска компанија, преку организирање едукативни настани, ги едуцира родителите и децата уште од најрана возраст. Со одржување едукативни часови, најмладите имаат можност да осознаат која храна е здрава и што содржи, каде се наоѓаат добрите пробиотски бактерии. А преку одржување трибини, родителите имаат можност преку дискусија со стручни лица да го осознаат значењето и улогата на пробиотиците, како и нивната улога во создавањето имунитет. Основата на среќно детство е здравјето, здравата исхрана, превенцијата и користењето на пробиотските бактерии во секојдневната исхрана“, рече д-р Билјана Јовановска, стручен медицински соработник во компанијата ПхармаС.

За Светлана Црнокрак, заштитно лице на премиум брендот PRObalans, употребата на пробиотици, дефинитивно, доведува до подобро здравје кај децата, но и кај возрасните.

„Верувајте, пробиотикот го користиме секојдневно. Имаме само корист од конзумацијата. За да имате среќно и убаво детство, но и живот, хранете се здраво и користете вакви додатоци во исхраната. Организамот ќе Ви биде благодарен. Дефинитивно, пробиотиците помагаат во водење здрав начин на живот“, рече Црнокрак.