Женски чевли од 10.000 евра продадени на саем во Истанбул

180

Специјално дизајнирани женски чевли од 10.000 евра се продадени на осмиот Саем за обувки и кожа во Истанбул. Чевлите ги дизајнираше Бајрам Полат од Турција, а се продадени на купувач од Катар, пишува агенцијата Анадолија.

Триесетгодишниот Полат специјално ги дизајнирал овие чевли за саемот. Нивната цена е толку висока бидејќи се рачно изработени, а се украсени со скапоцени камења коишто го привлекуваат вниманието на посетителите на саемот.

Околу 1.500 бизнисмени од 65 земји во светот и 100 турски производители на чевли се дел од Саемот што се одржува од петти до осми ноември во Истанбул.

Целта на производителите на чевли во Турција е до крајот на годината да реализираат извоз во висина од 1,5 милијарди долари.

Фото: Pexels