“Женски“ и “машки“ професии – навала за жени возачи на камиони и автобуси

109

Во техничко училиште во Србија оваа година имало огромен интерес од девојки за професијата возач на моторни возила, а на таа насока конкурирале повеќе девојки одошто на насоката за текстилни занимања за којашто традиционално има повеќе интерес кај идните средношколки.

Според српските медиуми, во прва година се запишани 11 девојки кои по четиригодишното образование ќе бидат квалификувани возачи на автобуси и тешки камиони.

Многу помал интерес меѓу девојките имало за кројачки, па на текстилната насока останале 19 празни места.

Фото: Pexels