Женски портрет ќе се најде на банкнотата од 10 американски долари

26

deset dolari vo raka

Женски портрет ќе се најде на редизајнирата банкнота од 10 долари во 2020 година, цели 100 години откако за прв пат жените во САД добија право на глас, пишува CNN Money.

Сè уште не е познато која ќе биде жената чиј лик ќе се најде на една од најупотребувните банкноти во САД. Критериумот според кој се очекува да се направи изборот е таа жена да имала силно влијание врз демократијата во минатото.

Последен пат женски лик на хартиена валута во САД беше Марта Вашингтон, на сребрен серфитикат од еден долар помеѓу 1891 и 1896 година.