“Женско“ наспроти “машко“ претприемништво

67

Фото: Pixabay

Жените се повеќе свесни за ризиците што ги носи претприемништвото за разлика од мажите. Се верува дека поголемата свест што е развиена кај жените придонесува тие помалку да го толерираат ризикот за разлика од мажите.

Ова се дел податоци од истражувањето што францускиот бренд за шампањ, Veuve Clicquot, го спроведе за женското претприемништво меѓу повеќе од 10.000 лица со што е создаден таканаречен меѓународен барометар за женско претприемништво.

Во истражувањето се вклучени и мажи и жени, од пет земји: Велика Британија, Франција, Јужна Африка, Јапонија и Хонг Конг.

На пример, жените во Франција јасно го потенцираат негативното влијание што претприемништвото го има врз семејниот живот и се свесни за потешкотиите во балансот помеѓу работата и семејството. Бројките покажуваат дека во Франција само 28% од жените (наспроти 39% од мажите) имаат амбиција да станат претприемачи.

Вкупно 65% од жените сметаат дека стравот од неуспех би можел да ги обесхрабри и да ги одврати од претприемништвото, додека кај мажите тој процент е понизок – 54%.

Исто така, податоците говорат дека на жените им е поважно да бидат “сам свој газда“ одошто мажите (кај жените 72%, а кај мажите 65%).