Житариците во Србија ќе се продаваат на берза

48

Земјоделци, задруги и фарми во Србија веќе нема да можат да ги продаваат своите производи преку агенции и компании кои се занимаваат со посредување во трговија со жито, затоа што стапи на сила законот за стоковни берзи, според кој ниту една установа која не е регистрирана како берза не може да се занимава со ваков бизнис.

“Отсега секој што сака да тргува, да објавува цени, ќе мора да се регистрира како берза. Повеќе не можеме да играме пазари. Мора да има правила, минимален капитал, брокери“, изјави директорот на Продуктна берза Милош Јањиќ.

Тој додаде дека земјоделците, исто така, можат да бидат рамноправни учесници во трговијата, а не само големите компании. Јањиќ рече дека новиот закон главно се однесува на оние кои се организатори на пазарот, со цел да се сноси одговорност.

Како што објасни тој, кога некој продава 100 тони пченка, мора да има одредена гаранција дека стоката ќе се испорача и дека ќе бидат со добар квалитет, а идејата на берзата е дека има достапни и квалитетни информации.

Фото: Pixabay