Жителите на Лондон ќе тестираат автобуси без возач

60

bus3Фото: YouTube

Жителите на Лондон имаат можност во наредните три седмици да ги тестираат автобусите без возач. Стотина луѓе ќе може да патуваат со автономниот автобус, што ќе се движи со брзина од 16 километри на час во регионот Гринич, а ќе биде контролиран преку компјутер. Во автобусот ќе има и обучено лице кое ќе може во секој момент, додека се тестира, да го запре возилото ако има потреба, пишува BBC.

Oxbotica, компанијата која што ја разви технологијата на автономен автобус, соопшти дека за тестирањето се пријавиле скоро 5.000 луѓе.

“Малкумина луѓе го имаат доживеано искуството на возење без возач и затоа ова е совршена можност за оние кои тоа го сакаат. Се надеваме дека жителите на Лондон ќе го прифатат нашето возило кое можеби во иднина ќе се движи по лондонските улици“, вели директорот на Oxbotica, Греам Смит.