Жителите на најпопуларната париска улица конечно здивнаа

380

Пред една година жителите на париската улица Rue Crémieux ги замолија градските власти да им обезбедат врата којашто ќе ја затвори улицата за да се одбранат од многуте инстаграмери што им го попречуваат мирот.

Најлошо како што велеа беше преку викенд и навечер, во “магичниот час“, кога многу туристи доаѓаа да го снимаат зајдисонцето. Потоа, позирале на станарите под прозор се додека не го снимат совршениот кадар, а тоа знаело да потрае.

Причината поради која улицата Rue Crémieux е толку популарна се куќите со пастелни бои. Улицата ги инспирира фотограферите да направат многу фотографии со кои ќе привлечат многу лајкови.

“Не можеме ни да јадеме на мир, бидејќи под прозор два часа се снима видео, или се слави моминска вечер, па со часови мораме да слушаме врискање. Искрено, сите тие настани не исцрпуваат“, рече пред една година еден од станарите.

Градските власти ги игнорираа молбите на жителите на фрекфентната улица во Париз, бидејќи таа е јавна површина, и не можат да го ограничат пристапот на минувачите, но додека трае карантинот, тие можат барем да земат здив и да живеат во мир.