Жито Лукс донира леб цела година во дневниот центар за деца од улица

54

photo 2

Како дел од својата определба за социјално одговорна компанија, Жито Лукс спроведува кампања за помош на неколку институции за згрижување на социјално ранливите категории.

Кампањата Храна подарена од срце е одговор на потребата од донации на основниот прехранбен продукт за социјалните институции и установи. Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари е еден од корисниците на кампањата каде вчера  беа донирани 70 лебови со продолжена свежина, неделните потреби од леб за оваа установа. Донацијата ќе продолжи во текот на цела година со достава на неделните потреби од лебови од Жито Лукс.

“Со реализација на кампањата Храна подарена од срце, имаме за цел да покажеме особена грижа кога станува збор за лицата на кои им е потребна помош. Кампањата е создадена и ќе биде спроведена на начин да опфати повеќе и различни ранливи групи, со што се надеваме дека значително ќе ја помогнеме и работата на овие установи. Секако дека овие институции им овозможуваат максимална нега и грижа, но во рамките на нивните можности. Затоа сме тука ние како граѓани, родители но, и како компании, кои со мала заложба може да пронајдеме различни начини да им помогнемe на лицата во неволја, како и на институции за што поефективно згрижување на социјално загрозените граѓани“, изјави Лидија Трајковска Ристовска, маркетинг менаџер во Жито Лукс АД Скопје

Кампањата Храна подарена од срце се одвива во континуитет при што компанијата избира различни институции и установи каде што потребата од помош и донација е најактуелна.

Оваа активност е само една од многуте што планира да ги организира Жито Лукс за подобрување на квалитетот на животот на социјално загрозените категории. Со реализацијата на истата, компанијата придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на деловните субјекти во општествено хумани активности.