Жито Лукс донира за граѓаните во поплавените подрачја

41

LOGO ZL_new

Жито Лукс испрати помош за жителите погодени со поплавите во источниот и јужниот дел од државата. Помошта се состои во производи од компанијата, со кои што ќе се задоволат дневните потреби на граѓаните од поплавените населени места. Со оваа донација, компанијата се вклучува во националната акција за помош на поплавените подрачја и отсечените села.

“Помошта за поплавените подрачја е дел од нашата компаниска, но и индивидуална определба како вработени на Жито Лукс. Секојдневно следиме што се случува во нашата околина и помагаме онаму кај што е потребно“, изјавија од Жито Лукс.

Откако започнаа интензивните вржени од дожд, штипскиот регион и пелагонискиот дел беа зафатени од поплави што предизвикаа некои населени места да останат непристапни и отсечени поради прелевање на реките. Со тоа, голем дел од основните прехранбени продукти не им се достапни на жителите од овие населени места. Жито Лукс и овој пат излегува во пресрет на потребите на граѓаните со што ја покажа својата грижа и општествено одговорна страна.

Помошта ќе биде доставена преку собирните пунктови на Црвениот Крст на Македонија.