Жито Лукс со своја донација се вклучи и ја поддржа кампањата иницирана од Твитер заедницата во Македонија, #ретвитниоброк.
Викендов, најголемиот производител на леб во Македонија стана партнер на кампањата преку донација на леб за сите бездомници кои во саботата се пријавија на пунктот зад Спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје. Кампањата #ретвитниоброк преку социјалната мрежа Твитер ги организира граѓаните за донации и подготвување оброци за бездомниците.
Оваа донација е дел од кампањата на компанијата, насловена „Храна подарена од срце“ која се одвива во континуитет при што избираат различни институции и установи каде што потребата од помош и донација е најактуелна и најпотребна.
Оваа акција е само една од големиот број на активности кои ги организира Жито Лукс, со цел подобрување на квалитетот на животот на социјално ранливите категории. Преку спроведувањето на кампањите, компанијата истовремено и придонесува кон подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на граѓаните, деловните субјекти и организациите во општествено хумани активности.