Фурнаџискиот, свежо печен леб од Жито Лукс, се збогатува со уште два нови вкуса. Покрај добро познатиот и прифатен Фурнаџиски Класик, семејството е дополнето со Селски Фурнаџиски леб како и со најновиот Интегрален Фурнаџиски леб.
“Во Фурнаџискиот леб се отсликани традиционалните вредности што Жито Лукс ги препозна во своите потрошувачи и ги прифати. Токму затоа во истата насока ги создаваме и новите лебови, подготвени според старински рецепт, свежо печени, со вистински мирис и вкус на селска фурна. Сепак, нашите мајстори и тука внесуваат нови и различни вкусови и традицијата ја комбинираат со модерните потреби и барања. На тој начин, со секој нов леб што го пласираме на пазарот се обидуваме да останеме доследни и да одговориме на барањата на сите наши потрошувачи“, изјави Лидија Трајковска, маркетинг менаџер во Жито Лукс.
Новото семејство Фурнаџиски лебови, Класик, Селски и Интегрален направени се со високо квалитетно пченично брашно и без употреба на конзерванси и вештачки бои. Како свежо печени, се одликуваат со мека структура, крцкава кора и врвен квалитет. Заради свежината на вкусот се доставуваат до маркетите што се на територијата на Скопје.