Жито Лукс со нов производ – млечен тост леб

31

zito luks

Жито Лукс повторно им излезе во пресрет на своите потрошувачи, преку создавање на уште еден вкусен тост леб. Новиот млечен тост леб е направен од квалитетно бело брашно и млеко, што му дава богат вкус и неодолива мека структура.

Лебот може да се комбинира со благи или солени намази и додатоци, да се комбинира со главните јадења или пак да се консумира како закуска, со што претставува идеален избор за секој член од семејството, но поради неодоливо миризливата нота на свежо и вкусно, Млечниот тост леб најмногу ги задоволува апетитите на најмладите.

Неодоливиот млечен вкус ја задржува свежината подолг период, без употреба на конзерванси. Млечниот леб веќе е достапен во продажба по промотивна цена.

„Сакавме на нашите потрошувачи да им понудиме нешто ново и иновативно, кое сепак ќе го содржи нашиот традиционален вкус по кој сме препознатливи со децении наназад. Се надеваме дека лебот ќе им се допадне на сите генерации и дека ќе стане нивна омилена закуска, особено на најмладите и нивната секојдневна потреба од здрава и вкусна храна. Жито Лукс ќе продолжи да претставува нови вкусови на пазарот, со цел да ги задоволиме барањата на сите купувачи”, изјавиja од Жито Лукс.

Млечниот леб се придружува на богатата понуда на тост лебови од Жито Лукс, во чиј состав се и пченичниот бел, лебот со рж, пченичниот леб со микс од зрна, пченичниот интегрален леб, пченкарниот, како и лебот со путер бриош.

Компанијата Жито Лукс постои веќе 69 години на македонскиот пазар.