Жито Маркети донираа во кумановската болница

69

Donacija Zito Marketi_2

Со новата донација од кампањата „Навика да добивам повеќе“, Жито Маркети продолжуваат со своите општествено одговорни активности во општините низ Македонија. Овој пат, четвртата донација по ред, беше наменета за потребите на Јавната здравствена установа општа болница во Куманово.

Притоа, беше доставена донацијата од неопходен болнички материјал, посочен од одговорните во Болницата, како што се перници и ќебиња, распоредени во различни оддели во оваа здравствена установа. Донацијата е дел од големиот долгорочен општествено одговорен проект, кој се спроведува веќе втора година по ред, што го организира Жито Маркети под мотото „Навика да добивам повеќе“. Кампањата е помогната и поддржана и од страна на лојалните потрошувачи во најбрзорастечкиот малопродажен ланец во Македонија.

„Како дел од стратегијата на Жито Маркети за унапредување на општествената одговорност, овој наш долгорочен проект е показател дека успешно работиме и постојано се обидуваме да помогнеме онаму каде што е најпотребно. Особено сме благодарни на нашите лојални купувачи, кои кампањата ‘Навика да добивам повеќе’ ја донесоа и ја придвижуваат на друго повисоко ниво, преку кое сите заедно работиме за потребите на граѓаните, како и за општото добро на заедницата“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.

Donacija Zito Marketi (2)

Ова е четврта здравствена установа во којашто Жито Маркети донираат неопходни средства за подобри услови на пациентите, како и за поуспешно и полесно работење на персоналот. Претходно, вакви донации беа направени во болниците во Велес, во Кичево и во Кочани.

„Среќни сме што Жито Маркети безрезервно се заложуваат да ги подобрат условите на болниците во Македонија. Искажуваме дополнителна благодарност кон нив што нè одбраа нас и задоволни сме со тоа што го прават за нашата болница. Ваквите акции се многу важен детаљ во градењето на едно подобро општество, кое преку солидарност ќе ги социјализира граѓаните, а со тоа ќе се помогне онаму каде што е најпотребно. Во нашата болница ваквиот тип на помош беше неопходна, а благодарение на Жито Маркети сега тоа е остварено. Апелирам до граѓаните, а исто така и до другите македонски компании, да спроведат и да ги поддржат ваквите хуманитарни акции, затоа што навистина е значајно и позитивно кога се грижиме едни за други“, истакна Д-р Ариф Латифи, директор на ЈЗУ Општа болница, Куманово.

Претставниците од ЈЗУ Општа болница, Куманово како гест на благодарност на претставниците од Жито Маркети им доделија благодарници.

Жито Маркети оваа кампања ја започна минатата година, со самиот старт на својата лојална картичка „Навика да добивам повеќе“. Оваа картичка, покрај тоа што овозможува голем број привилегии, попусти и бенефиции за купувачите во Жито Маркети, има и хуманитарен карактер, односно секој граѓанин што ќе посака да ја добие оваа картичка, тоа може да го направи бесплатно во било кој продажен објект на Жито Маркети, а компанијата ќе ја плати предвидената членарината, а средствата ги донира во фондот наменет за спроведување на оваа општествено корисна активност. Кампањата „Навика да добивам повеќе“ ќе продолжи и понатаму со собирање и овозможување помош во сите општини каде што Жито Маркети има отворено свои продажни објекти.