Жито Маркети го отвори својот јубилеен 50-ти маркет во Македонија, а веќе 12-ти во Велес, градот каде и започна успешната приказна на овој растечки ланец на малопродажни објекти. Новиот Жито маркет е лоциран во близина на ОУ Кирил и Методиј, на улицата Архиепископ Михаили. Се простира на површина од 170 метри квадратни, а поседува и свој магацин од 20 метри квадратни. Во овој новоотворен супер маркет работи тим од 10 луѓе на две наплатни каси и е опремен со над 5.000 квалитетни производи и голем избор на зеленчук и овошје по најпристапни цени со цел да бидат задоволени секојдневните потреби на сите потрошувачи.
„Нашата амбиција и посвета кон остварување на желбите на граѓаните придонесе да го отвориме својот 50-ти маркет во Македонија. Ова е резултат од неуморно работење на компанијата во постигнување и реализирање на идејата, Жито Маркети да бидат достапни за сите граѓаните во секоја општина и населба, нудејќи професионална услуга и производи со врвен квалитет и достапни цени“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
На денот на отворањето, во чест на овој јубилеј, во Жито Маркети беа овозможени голем број промоции и попусти на поголем дел од производите, а за купувачите имаше и дополнителни бенифиции со користењето на Жито лојалната картичка „Навика да добивам повеќе“.
Работното време на новиот маркет е седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 7 до 21 часот, а во недела од 7 часот наутро до 14 часот.