Жито Маркети го отвори првиот маркет во Битола

165

2

Жито Маркети го отвори својот прв маркет во Битола. Новиот маркет е лоциран на улицата Нико Фундали бр.13 во близина на касарната. Ќе располага со површина од 182 метри квадратни, со тим од десет вработени на две наплатни каси, каде што битолчани ќе добијат можност да пазарат во маркет што нуди квалитетни производи по најпристапни цени.

„Посебно задоволство е што конечно по 51 отворен маркет низ цела Македонија, отворивме и свој маркет во Битола. Професионалната услуга и популарната ценовна политиката што ја нудиме, ќе биде од голема полза за граѓаните на Битола. Со овој нов маркет, само ја продолжуваме нашата замислена идеја, Жито Маркети да бидат достапни во секое маало низ државата, задоволувајќи ги потребите и барањата на сите купувачи“, изјави Далибор Ѓошевски, генералниот извршен директор на Жито Маркети.

1

На денот на отворањето, настанот беше збогатен со голем број промоции и попусти, дегустации, продажни акции и гратис производи. Граѓаните можеа да аплицираат и за Лојалната картичка Навика да добивам повеќе, што овозможува дополнителни придобивки при купувањето.

Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07.00 часот до 21.00 часот, додека во недела, ќе биде со работно време од 08.00 часот до 14.00 часот.