Жито Маркети го отвори својот прв маркет во општина Чашка, Велес. Тој се наоѓа на улица 8ми Септември број 2, а се протега на површина од 100 метри квадратни, во кој ќе работи тим од седум луѓе на една наплатна каса.
„Искуството од нашите ниски цени, квалитетни производи и професионална услуга ќе можат да го имаат и жителите на Чашка. Ние како и секаде, така и овде, подготвени сме да им излеземе во пресрет на нивните потреби и барања при купувањето“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отворањето на овој маркет, а покрај големите попусти гостите ја искористија и својата Жито лојална картичка Навика да добивам повеќе за дополнителни бенифиции при купувањето.
Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 21:00 часот навечер, а во недела од 08:00 часот наутро до 14:00 часот напладне.