Жито Маркети успешно ја заврши својата трета донаторска акција од кампањата Навика да добивам повеќе, овој пат, опремувајќи ја ЈЗУ Општа Болница од Кочани со нови разладни уреди во болничките одделенија.
Оваа донација е дел од големиот хуманитарен проект на Жито Маркети, при што на секои четири месеци се спроведуваат општествено полезни активности во една од општините каде што компанијата функционира со свој продажен објект.
“Организирањето на ваквите донаторски акции се начин како директно можеме да помогнеме и да ги подобриме условите во локалните средини. Нашата грижа за граѓаните е наша обврска, а нивната лојалност е дополнителен стимул да продолжиме и да помагаме онаму каде што е најпотребно. Уверени сме дека заедно со нашите верни потрошувачи кои ја имаат Жито лојалната картичка Навика да добивам повеќе ќе продолжиме да ги подобруваме условите во социјалните и здравствените установи низ сите општини каде е застапен Жито Маркет низ Македонија“, изјави Стојанче Тодороски, маркетинг директор на Жито Маркети.
Оваа донација, која доаѓа како трета по ред, веднаш по донациите во болниците во Велес и во Кичево, ќе овозможи да се подобрат условите во Оштата болница во Кочани, каде што поставувањето на уреди за климатизација беше неопходно за нормално функционирање на персоналот при прегледите на пациентите.
Директорот на болницата, Дејан Апостоловски, вели дека секоја помош е добредојдена, а посебно значајна кога таа е направена самоиницијативно од донаторот.
“Искажуваме голема благодарност до Жито Маркети. Ова не е прва донација за нив, но е една од ретките донации во нашата болница. Благодарност и до граѓаните што учествуваа во поддршката при собирањето на средствата. Радува фактот дека условите во болницата ќе се подобрат и ќе овозможат нормализирање на текот на работните обврски кај персоналот и поголема удобност кај пациентите. Се надеваме дека оваа наша соработка ќе продолжи и понатаму, а и ќе покаже пример за поттик кај сите останати компании да помогнат и да се заложат за подобрување на општото добро кај граѓаните“, изјави Дејан Апостоловски, директорот на општата болница во Кочани.
Оваа донација на Жито Маркети е и апел до сите граѓани да дојдат и да си ја подигнат својата бесплатна лојална картичка од кој било Жито Маркет во Македонија и со тоа да учествуваат во кампањата Навика да добивам повеќе. Покрај попустите и промоциите што ги нуди картичката, лојалните купувачи со неа ќе можат да помогнат и во решавањето на конкретни проблеми што го засегаат општеството во кое живеат.