Жито Маркети се шири во Скопје – нов маркет во Бутел

95

Otvoranje na nov Zito Market vo Skopje (1)

Нов Жито Маркет денеска се отвори во скопската Општина Бутел. Според големината на просторот и понудата на производи, овој трговски објект влегува во категоријата на супермаркети. На површина од 600 метри квадратни, со сопствен паркинг простор и четири наплатни каси, овој маркет ќе ги понуди сите погодности  неопходни за современиот македонски потрошувач.

“Паралелно со нашето постепено проширување во другите градови и општини, се посветуваме и на проширувањето во скопските населби со цел одличната услуга, популарната ценовна политиката што ја имаме и уште многуте бенефиции за купувачите да бидат возможни и достапни за сите. Жито маркети со секој новоотворен маркет останува доследен и ја применува својата веќе докажаната политика – понуда и услуга во согласност со високите стандарди на компанијата како и исполнување на барањата на купувачите“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

Официјалното пуштање во работа на новиот објект од овој малопродажен ланец во Скопје, на пригодна свеченост го направија Градоначалникот на Општина Бутел, Петре Латиновски и генералниот директор на Жито Маркети, Далибор Ѓошевски.

Според димензиите овој е еден поголемите објекти на Жито маркети, воопшто, што соодветствува со барањата и потребите на граѓаните од Општина Бутел. Покрај вообичаените содржини ќе бидат понудени уште и свежи месни производи од месарницата, свежо овошје и зеленчук како и производи од бела техника.Со новоотворениот маркет се отвораат 20 нови вработувања.

На денот на отворање, за купувачите беа достапни голем број промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи. Работно време на маркетот ќе биде седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 7 до 21 часот, додека во недела, маркетот ќе работи до 13,30 часот.