Жито Маркети со хуманитарна новогодишна донација за Мобилност Скопје

23

zito

Познатиот македонски малопродажен ланец, Жито Маркети, донираше 54 новогоднишни пакетчиња за децата од општествено хуманитарна асоцијација Мобилност Скопје. За најмладите членови на оваа асоцијација беше организирана и предновогодишна забава, која што се одржа во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз. Покрај пакетчињата поделени од Жито Маркети, на приредбата имаше и голем број изненадувања, а магионичарот и Дедо Мраз внесоа дополнителна радост и забава за сите присутни.

Мобилност Скопје е хуманитарна асоцијација во која членуваат лица со телесен инвалидитет од различен вид и со специфични потреби во животот, која работи и е активна на територија на градот Скопје.