Жито отворија маркет и во општина Чешиново – Облешево

28

zito 1

Жито Маркети денеска свечено го отвори својот нов објект во општината Чешново – Облешево. На отворањето на маркетот присуствуваше и градоначалникот на општината, Костадин Личков, кој официјално ја пресече лентата заедно со генералниот директор на Жито Маркети, Далибор Ѓошевски.

,,Во нашата Годишна стратегија за развој, утврдена е потребата од отворање на нов маркет во овој регион и тоа во Општина Чешиново – Облешево, во близината на Кочани. Ова ќе им овозможи на жителите на оваа Општина и пошироко достапни цени и широк асортиман на производи. Сигурно сме дека со отворањето на маркетот ќе се задоволат сите потреби и желби на граѓаните во Општината“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.

zito 2

Овој малопродажен објект е со вкупна продажна површина од 250 метри квадратни, а лоциран е во центарот на Општината. Маркетот го следи стандардниот концепт на Жито, има сопствен паркинг и ќе функционира со две наплатни каси. Тимот ќе брои 10 вработени, кои ќе работат во текот на целата недела, од понеделник до сабота, од 7.30 часот до 21.30 часот, додека во недела работно време ќе биде од 7.30 часот до 13.30 часот.

На денот на отворањето, за купувачите беа подготвени голем број изненадувања овозможени од компанијата, преку промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи.