Жито Полог од Тетово ланската година ја заврши со 38 милиони денари добивка

144

Компанијата Жито Полог од Тетово, во периодот јануари – декември лани, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 38.001.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Една година претходно, компанијата оствари загуба од 14.748.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, на крајот на декември лани, изнесуваа 354.127.000 денари. Поголемиот дел од продажбата е остварен на домашен пазар, во висина од 338.625.000 денари, а остатокот од 15.502.000 денари е регистриран на странски пазари.

Основна дејност во Жито Полог АД – Тетово опфаќа производство на мелнички и пекарски производи, тестенини и јајца.

Фото: Pexels