Жито Вардар прокнижи загуба од над 30 милиони денари во 2013

47

zito_vardar_logo

Компанијата Жито Вардар од Велес минатата 2013 година оствари нето загуба од 30.070.289 денари, покажува билансот на успех за минатата година, во рамки на годишниот извештај за работењето, објавен на Македонска берза.

Реалицијата во текот на минатата година била на ниво од 319.075.734 денари, останатите приходи од дејноста се во висина од 42.512.303 денари. Од друга страна, употребените залихи се 236.217.408 денари, амортизацијата 26.776.999 денари, трошоците за вработените се 35.217.458 денари, додека останатите расходи се во вредност од 58.400.014 денари.

Добивката од редовно работење, како што стои во извештајот, изнесува 4.976.158 денари. Потоа следат приходите и расходите од финансирање, чие салдо е 33.952.045 денари во минус.