Друштвото за производство, трговија и услуги Жито од Велес претстави дел од своите земјоделски производи на саемот за бизнис со свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика што се одржа во Берлин, Германија.
Во текот на саемот, претставници на компанијата остварија контакти со фирми од голем број фирми од Италија, Германија, Франција, Норвешка и од Блискиот Исток.
Саемот во Берлин се одржа во првата недела на февруари и на него беа присутни над 2.600 изложувачи од 84 земји. Саемот го посетија над 62.000 гости од 140 земји од светот.