Живко Мукаетов ја доби наградата ЈИЕ Личност за 2014

6

mukaВо престижниот париски Театар Ле Палас, генералниот директор на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов ја доби наградата ЈИЕ Личност за 2014, за неговите заслуги и достигнувања во сферата на економијата, корпоративната одговорност, придонесите во културата и спортот и разни сфери од јавниот живот кои го обединуваат регионот на Југоисточна Европа.

Наградата му беше врачена во рамки на церемонијата на свеченото отворање на четвртиот Фестивал на кинематографиите од Jугоисточна Европа, SEE a Paris (ЈИЕ во Париз).

Досегашни добитници на ова признание се Бранислав Мичуновиќ, министер за култура на Црна Гора и актерите Мики Манојловиќ и Мето Јовановски.