Животот е премногу краток за го поминете во каење, затоа не правете ги овие работи

140

turkanje

Фото: Pixabay

Секој човек греши, а дали ќе ги повторуваме грешките зависи од нас самите. Некои учат од туѓите грешки, а некои од сопствените, но чувството на каење е заедничко за сите.

Животот е премногу краток за го поминете во каење, затоа видете што можете да направите за го избегнете:

1. Не купувајте материјални нешта

Не го гледајте материјалното, не купувајте предмети што нема да ви требаат, купувајте искуства.

2. Не правете нешта што не ги сакате

Животот е премногу краток за да го потрошите на нешта што не сакате да ги правите.

3. Не се трудете да ги задоволите другите

Никој не е повреден за љубов од вас самите. Сите луѓе имаат различни очекувања и тешко е да ги задоволите. Парите што ќе ги изгубите, секогаш можете повторно да ги заработите. Но, треба да знаете дека засекогаш се загубени дури и 5 минути залудно потрошени.

4. Не се вљубувајте во некој/а што е вљубен во некој друг/а

Вљубените луѓе се магнет за љубов. Тие ја црпат сета љубов од присутните луѓе во просторијата и додека да сфатите, веќе е предоцна. Кога ќе се вљубите во некој/а што е веќе вљубен во друг/а, запаѓате во замка која што води до големо разочарување.

5. Не давајте ветувања што не можете да ги одржите

Ако дадете ветување, тогаш треба и да ги одржите. Доколку не го одржите ветувањето, ќе ја разочарате дадената личност, што кај вас подоцна ќе предизвика чувство на каење.

6. Трчајте, не одете

Со трчање се подобрува работата на целиот организам. Повеќе кислород доаѓа до мозокот, со што ќе станете попаметни, а следствено на тоа и животот ќе ви стане подобар. Ќе успеете да видите повеќе од луѓето што одат, што го трошат времето на неуспеси, што не успеваат во животот поради другите, што го чекаат вистинскиот момент.

Доживејте го неуспехот брзо и обидувајте се почесто да ризикувате. Не постои вистински момент, затоа стартувајте и ќе стигнете таму каде што сакате.

7. Не чекајте да ви кажат ДА

Кои се “тие“? На што треба да кажат ДА? Што мислите дека ќе се случи откако чекањето ќе заврши?

Ќе добиете само глупави одговори.

Прво вие треба да си кажете ДА за било која работа, па потоа и останатите ќе ве поддржат.

8. Бидете искрени

Секогаш бидете искрени кон себеси и кон останатие. Вистината понекогаш може да боли, но секогаш излегува на површина. Порано или подоцна ќе мора да се соочите со вистината, па затоа скратете го времето изгубено во заблуда.

9. Не јадете расипана храна

Под “храна“ не се подразбира само јадење, туку и сите вести што ги конзумирате и драмите што ги преживувате. Затоа внимателно одбирајте што сакате, а што не сакате да вкусите во животот.

10. Немој да се каете

Ситуациите од минатото можат да остават големи траги и незараснати рани. Но, тие се само белези на едно минато време. Не го трошете сегашниот миг во сеќавања. Не бележете ги прочитаните страници. Сите тие ситуации биле само лекции. Денот се раѓа одново и секое утре е детерминирано од сегашниот миг. Затоа не го трошете сегашниот миг во каење, туку во уживање и љубење.