ZipJet – Мобилна апликација за перење и хемиско чистење на алишта

53

zipjet

Уште еден старт – ап е чекор поблизу до идејата да им се помогне на луѓето во извршувањето на секојдневните обврски, од кои некои навистина одземаат многу време и пари.

Станува збор за апликацијата ZipJet, што е лансирана во Лондон, чија задача е превоз и испорака на валкалните алишта. Во следните 24 часа корисникот ја добива назад својата гардероба испрана, чиста и миризлива. На располагање е ставена и услугата за хемиско чистење на алиштата.

zipjet 1

Засега оваа апликација, што е достапна преку Google play, можат да ја користат жителите на шест британски градови, но наскоро се очекува проширување на мрежата.

“Зад ZipJet стои голема мисија. Сите ние сме премногу зафатени со обврски без оглед на тоа дали работиме или студираме. Постојано се соочуваме со недостиг на време за извршување на домашните обврски. Заштедувајќи им го времето на нашите клиенти им даваме можност да посветат повеќе внимание на себе и луѓето кои ги сакаат“, вели основачот на ZipJet, Марко Сперлинг.

img20

Хемиското чистење чини 10 фунти за две парчиња облека, додека стандарното перење на алиштата чини 12,5 фунти за шест килограми алишта.

Овој корисен старт – ап е поддржан од Rocket Internet – германски инкубатор за развој на технолошки бизниси.